Транспарентниот коридор, кој се протега на повеќе од половина километар над клисурата во областа Лианжу во Кина, влезе во Гинисовата книга на рекорди како новиот најдолг стаклен мост во светот.
Новиот рекорд е дело на Кинескиот институт за архитектура и дизајн УАД на универзитетот Žejiang, а неговата точна должина е 526,14 метри.
Мостот е изграден со иновативни методи на градба и е дизајниран да се вклопи хармонично во исклучително природна средина.
Мостот е поплочен со три слоја калено стакло со дебелина од 4,5 сантиметри, што ја прави конструкцијата скоро целосно транспарентна – до ниво од 99,15 отсто, како и многу отпорна на оштетување, гребнатини и кршење.
Оваа област, која се наоѓа на југоистокот на Кина, честопати е погодена од тајфуни во текот на летото, така што за дизајнот на мостот била потребна голема флексибилност и отпорност на силни ветрови.
Проектниот тим спровел тестови во симулатор и дизајнирале коси кабли за поддршка за да се зголеми стабилноста на мостот.
Преминувањето на стаклениот мост секако не е за луѓето со слабо срце, бидејќи самиот поглед на карпите и реката што тече дури 201 метри пониско, може да ве одвлече од тој подвиг. Сепак, новата светска атракција веќе привлече голем број на зависници од адреналин и го поттикна развојот на локалниот туризам.