Компанијата Apple сопшти дека ќе гради ветерен паркво кој ќе бидат инсталирани најголемите турбини во светот, во Есбјерг, Данска. Компанијата најави турбини на височина од 200 метри кои треба да произведуваат 62GWh енергија годишно. Овој ветерен парк ќе послужи како експериментален полигон за ветерните турбини на иднината. Електричната енергија која ќе се произведува во Есбјерг, наменета е за дата центарот на Apple во Виборг, на северозападот на Данска. Со помош на тој центар, функционираат App store, Apple Music, iMessage и други сервиси во Евроопа. Минатиот месец, Apple објави дека сака да стане компанија која во работата на своите центри нема да користи енергија од фосилни горива до 2030 година, а инвестицијата во овој проект ќе помогне во остваување на таа цел.