Насловна / Арт и дизајн / 10 паметни модерни часовници со интересни дизајни

10 паметни модерни часовници со интересни дизајни

Часовникот не е само парче што покажува време, тој е и дел од декорација.

Tectonic Clock на Andreas Vang е нов пристапи кон нови класични часовници со ставање на динамичен слој на типки на врвот на сказалките на часовникот. На овој начин времето може да се почувствува и гледа како сенка на површината на часовникот. Секој изминат час и минута е претставен со поместување на површината.

1_resize

Часовникот 24-hour Clock на Scott Thrift нема бројки во својот дизајн и наместо тоа, прикажува спектар налик на градиент на целиот ден, балансирајќи зора, пладне, самрак и полноќ. Часовникот завршува една револуција на секои 24 часа со надеж дека вашата перцепција за времето ќе се промени, овозможувајќи простор за сите ситници во животот што не можат да се избројат.

2_resize

L’epée 1839 by MB следи дизајн на вселенски брод. Слично како кај ракетите, силата доаѓа од базата, круна за навивање која има свој вертикален регулатор кој ја контролира прецизноста. Часовите и минутите се прикажуваат на дискови од нерѓосувачки челик.

3_resize

Nixie Clock by CKIE е прилично едноставен и паметен уред. Доаѓа со адаптер за напојување, а троши занемарливи количество на енергија, која се користи за напојување сијалица од 40W за еден ден. Исто така доаѓа со пригушени светла, што го прави идеален часовник и за регуларни и за слаби осветлувања.

4_resize

SH12 на Weena Lee ѕиден часовник кој си поигрува со односот на предметот и неговата сенка. Таа ја претставува потсвеста на времето прикажувајки ги часовите само преку суптилен впечаток и силуета. Функционален дизајн со комбинација на тврд и мек, еластичен материјал кој мистериозно крие дел од себе под видливата кожа, часовникот SH12 е визуелна претстава на овој феномен.

5_resize

Time Maze на Daniel Libeskind е часовник, чиешто тело има форма на прекршена линија. Во средиштето е механизмот на часовникот. Со дефинирање дека времето не е линеарно или кружно, туку е лавиринт на апстрактни врски и разиграни интеракции, часовникот може да се закачи во која било ориентација, овозможувајќи прилагодено закачување во секој дом. Часовникот е конструиран од не’рѓосувачки челик и достапен е во црвена, црна и нерѓосувачка верзија.

6_resize

Time Pattern на Jorrit Taekema е ѕиден часовник што ги отстранува типичните ознаки и броеви што вообичаено се користат да се прикаже времето.  Инспириран од тоа како времето секогаш се менува, дизајнерот Taekema користи две обложени триаголни компоненти кои ротираат за графички да го претстават текот на времето. Слоените елементи се вртат околу прикажување на постојано променливата бела графичка шема наспроти црната основа на часовникот.

7_resize

Dotty Clock на Abi Alice минималистички часовник кој упатува на старите астрономски уреди кои биле користени за мерење на времето со набљудување на движењето на Сончевиот систем.

8_resize

Ingrein Smart Clock на Sergio Zamora паметниот часовник е токму тоа, тврдо дрво поврзано на интернет, часовник кој ве одржува информирани без да ви го одвлекува вниманието. Поголемиот дел од времето, овој часовник прикажува време и временската прогноза, но кога нешто важно ќе се случи, ќе ве предупреди преку светло, звук и дигитални известувања. Тоа го прави на обмислен, не досаден начин и овозможува целосна контрола врз какви известувања и од кои апликации сакате да бидете информирани.

9_resize

Etch Clock како речиси секој производ денес, овој часовник има придружна апликација, дизајнирана да им овозможи на корисниците да бираат помеѓу два начина на приказ: „Sync & Go“ автоматски го прикажува времето на секои 30 секунди; „Sync & Sensor“ прикажува време на секои 30 секунди, но само во присуство на звук од внатрешниот сензор.

10_resize

Испрати коментар

Scroll To Top