Насловна / Архитектура / Насукан брод ќе стане највисоката зграда во Чешка

Насукан брод ќе стане највисоката зграда во Чешка

Мешавината на сведена архитектура и скулптурална црвена структура што изгледа како насукан брод е производ на соработка меѓу архитектонската фирма Black n ’Arch и скулпторот Дејвид Черни, со идејата зградата Top Tower висока 135 метри да го сврти вниманието кон проблемот со климатските промени во светот. Нивната идеја се потпира на несакана, но можна визија за иднината во која нивото на морето се зголемило толку многу што бродот ја погодува зградата.

brod

Проектот на зградата, нарачан од прашката компанија Trigema, во моментов е во фаза на добивање дозволи за локација, и треба да се гради недалеку од главната градска метро станица Нова Бутовица.

Инвестициската компанија Trigema планира да почне со изградба на објектот до 2021 година, а изградбата да трае помалку од три години. Тие се надеваат дека присуството на необична конструкција на оваа локација дополнително ќе ја оживее јавната пешачка зона, која се наоѓа во заштитено маало, надвор од трасата на метро.

brod1

“Планирано е објектот да биде надвор од зоната на заштитеното градско подрачје и надвор од областа каде што е забранета изградба на високи згради“, велат од Тригема за Dezeen.

Иако се откриени малку детали за структурата на зградата Top Tower, се предвидува дека примарната конструкција, ќе биде изработена од челик во црвена боја, а карактерот на зградата ќе го даваат растенијата што ползат чија зелена боја ќе биде дополнително нагласена од челичната конструкција.

brod2

На највисокиот дел од зградата се планира видиковец со градина до кој ќе се обезбеди посебен пристап преку надворешен лифт.

Деловно-станбената зграда ќе има околу 250 станови, како и деловен простор, а културниот центар и малопродажниот простор ќе бидат на првите два ката. Влезот во зградата ќе биде нагласен со форма на масивна конструкција на пропелер, која се чини како да е одвоена од бродот.

brod3

Испрати коментар

Scroll To Top