Насловна / Вести / Илјадагодишен даб откриен на југот на Италија

Илјадагодишен даб откриен на југот на Италија

На јужните падини на Апенините во италијанскиот регион Калабрија живее заедница на древни дабови, која ги издржала сите природни непогоди – од ниски температури и снежни бури до суши.

1_resize

Не само што издржале, туку и неколку примероци дабови се стари од пет века до еден милениум.

Сомневајќи се во исклучителната старост, италијански експерти тестирале пет даба од Националниот парк Аспромонте со методот на радиоактивен јаглерод.

2_resize

Се покажало дека се стари меѓу 570 ± 45 и 934 ± 65 години.

Дури и на надморска височина од 1.000 метри, се чини дека дабовите можат да живеат многу подолго отколку што се мислело.

„Овие древни стебла се сведоци на нашето минато. Историја на нашата клима, сончевата активност и влијанието на луѓето врз животната средина – сè е забележано во нивните години, а сигурни сме дека ќе има и други важни откритија“, изјалвил Луцио Калкањиле од Универзитетот во Саленто.

3_resize

Испрати коментар

Scroll To Top