Овој модерен дом во индустриски стил некогаш бил фабрика, па дури и денес го негува своето индустриско потекло. Фабриката од доцните 60-ти години на минатиот век, била напуштена се додека австрискиот скулптор и архитект, Рајнолд Траксл, не му дал на просторот нов живот.
Сировите површини кои се наоѓале во овој простор создаваат ефект на табула раса, односно празно платно кое само чека мебел, дизајн и уметност. Овде можете да се види натур бетон, дрво и метал, кои директно асоцираат на индустриското потекло на овој освежен простор. Главниот дел на овој дом има отворен план, кој содржи дневна соба, трпезарија и кујна. Просторот е направен со груби дрвени греди, дрвени sидови, темни метални столбови и квалитетни парчиња мебел.
Модерен мебел со јарки бои со своите примамливи форми, уметнички дела и големиот камин во срцето на овој дом го прават исклучително топол и гостопримлив. Има удобни кожни фотелји и беж гарнитура, со детали во нијанси на црна и боја на ‘рѓа, што придонесува за индустриската естетика на просторот.
Трпезарискиот простор е блиску до застаклениот ѕид и е опремен со комплет што дефинитивно е со дух на индустриски стил. Дел од овој дом е и отворен простор за јадење, кој се состои од црно-црвени столици и метална маса.
Спалната соба се карактеризира со бела боја и има еден тесен простор поради подобра приватност. Интересен архитектонски детал е геометриското заглавие на креветот, кое продолжува на ѕидот, како и на ѕидот покрај него, каде што се наоѓа маса со огледало и работна маса.
Во екстериерот, овој дом располага со базен и зона за седење и релаксација.