Преку меѓународен архитектонско – урбанистички конкурс, општината Ораховац, Косово има за цел да овозможи одржливо решение за Централниот градски плоштад.
Меѓународниот натпревар е организиран во рамките на проектот Водечка урбана промена во Ораховац преку ревитализација на Централниот градски плоштад. Проектот е финансиран од општината и се спроведува со техничка поддршка на UN-Habitat.
Жирито кое ќе ги оценува конкурсните трудови е интернационално, крајниот рок за предавање на трудовите е 16. ноември 2020 година. Прогласувањето на наградените проекти е на 12. декември 2020 година. Предвидени се парични награди, за првонаградениот труд 7.000 евра, втората награда изнесува 3000, а третата 2000 евра. Повеќе за ова можете да видтите тука.