Новата хидроцентрала „Комарница“ со инсталирана моќност од 172MW, предвидена е на локацијата Лонци на реката Комарница, со лачно бетонска брана висока 171m. Очекуваното годишно производство е околу 213 GWh електрична енергија.
Извршниот директор на EPCG (Elektroprivreda Crne Gore), Игор Новељиќ, истакнал дела националната енергетска компанија е подготвена за изградба на овој голем хидроенергетски објект, прв по четири децении.
„Во однос на постоечката хидроцентрала „Пива“ со моќност од 342 MW, за чии потреби е изградена лачно бетонската брана „Мратиње“ со височина од 220m, станува збор за подеднакво импозантна и висока брана. Изградбата ќе ги почитува сите правила за заштита на животната средина, без да влијае врз природниот режим на водите во зоната на градот Шавник, и без негативни влијанија кои би го загрозувале користењето на кањонот“, изјавил Новељиќ.