Насловна / Вести / Новиот јапонски брз воз се соочува со еколошки предизвици

Новиот јапонски брз воз се соочува со еколошки предизвици

Кога ќе биде пуштен во сообраќај, јапонскиот воз Maglev Chuo Shinkansen ќе биде најбрзиот воз на светот (bullet train). Пробното возење спроведено во 2015 година го постави светскиот рекорд од  374 mph (603 kph. Рутата на овој воз е планирано да ги поврзе следните големи градови во Јапонија: Токио, Нагоја и Осака. Се очекува парцијална оперативност во 2027 година, иако некои пречки кои би се појавиле секако би го поместиле овој план. Maglev tech овозможува вакви високи брзини со користење на магнети суперпроводници. Возот левитира околу 10cm над тлото, а магнетите го туркаат возот напред. Новиот систем ќе го скрати патувањето помеѓу Токио и Аичи за 50 минути. Оваа рута е планирано да минува низ седум префектури. Буџетот за проектот е 85 милијарди УСД, и се се смета за национален проект во кој една третина од средствата се обезбедени од владата со ниска камата. Но, не е се розово во врска со овој проект. Една од префектурите одбила да даде дозвола за тунел од 9 km на територијата која е под нејзина јурисдикција. Се истакнува дека проектот ќе има штетно влијание врз животната средина, односно активностите на пробивање на тунелот ќе ја загадат  реката во областа која е од огромно значење за 600.000 жители. Иако од Central Japan Railway уверуваат дека ќе се преземат сите мерки за заштита на реката, сепак надлежните во префектурата велат дека компанијата сеуште не презентирала валиден научен доказ за своето тврдење. Напротив, тие велат дека поради споменатите еколошки влијанија најдобро би било да се смени трасата и наместо оптималната најкратка траса, таа да биде незначително продолжена.  Министерот за транспорт на Јапонија, одржал експертски панел за да се дикутира овој проблем. Сепак, сеуште не е донесена конечна одлука во врска со продолжувањето на изведбата.

maglev1

maglev2

maglev3

maglev4

Испрати коментар

Scroll To Top