Насловна / Арт и дизајн / Никола Тесла инспирација за новиот дрес на фудбалската репрезентација на Србија

Никола Тесла инспирација за новиот дрес на фудбалската репрезентација на Србија

Фудбалскиот сојуз на Србија, го најави новиот дрес на националниот тим за чиј дизајн инспирација бил Никола Тесла. На социјалните мрежи објавен е краток видео клип со кој се најавува гарнитурата за гостувања, која репрезентацијата на Србија ќе ја носи во наредниот период. Германската компанија „Пума“, во соработка со националниот сојуз, креирала дрес во бела боја со тегерт ракави со флуоресцентно жолти детали. Инспирација за дизајнот бил еден од најголемите научници и иноватори, а наскоро би требало да биде организирана и официјална презентација. Првата гарнитура на опремата (за натпреварите кога репрезентацијата е домаќин) ќе бидат во стандардната црвена боја.

dres1

dres2\

dres4

Испрати коментар

Scroll To Top