Насловна / Архитектура / Универзална сала не е објект, затоа и нема да може да се сруши

Универзална сала не е објект, затоа и нема да може да се сруши

1_resize

JohnMcLauglinTortoisePattiSmithDavidByrneAlDiMeolaNouvelleVagueDavidSylvianBryanFerry

OrnettColemanQuartetMadeleinePeyreuxPaoloFresuRenaudGarciaFonsMercuryRevJane

BunnettAndTheSpiritsOfHavanaMcCoyTynerTrioMoreno+QuintetBennyGolsonRoyCampbellHoward

JohnsonMikeMainieriRichardGallianoAndrewHillTrioHenryТошеПроескиAlexanderHawkins

DavidMurrayQuartetSaulWilliamsWadadaLeoSmithHarrietTubmanThurstonMooreMetteRasmussen

TrondheimVoicesSusanaSantosSilvaAbBaarsHamidDrakeMopoТониКитановскиDavidTornFredFrith

TrioSokratisSinopoulosQuartetJonbalkeBatagafArtEnsembleOfChicagoJoelleLeandreTordGustavsen

TrioJamesBrandonLewisQuintetAnthonyBraxtonArthurBlytheTrioRoyAyersMoryKanteEddiePalmieri

JoeMorrisTrioRovaSaxophoneQuartetSpanishFlyDavidTronzoJohnSurmanАлександарЏамбазовThreadgillMuhal

RichardAbramsQuartetAlanHoldsworthGroupVernonReidJamesChanceGregBendian

МакедонскаФилхармонијаRabihAbouKhalilTrioMedeskiRayAndersonTrioRoyHargrove

MyraMelfordQuintetMarcRibotJohnLurie&TheLoungeLizardsJohnScotfieldGroupMikeSternBand

JobimTaniaMariaGeriAllenTrioYoussouN’DurPhilipCatherineTrioВлаткоСтефановски

МирославТадиќZeenaParkinsCharlesGayleElliotSharpTerraplaneSalifKeitaCubanismo!

DJSoulSlingerHerbieHancockSpassovYazdijianVelezTrioSusanaBacaOmaraPortuondo

ОркестаротНаМакедонскатаТелевизијаDaveDouglasMingusBigBandCecilTaylorSoundVision

OrchestraChickCorea,StanleyClarkeLennyWhite

2_resize

Таа е ентитет со (мулти) идентитет.

Таа е парк, стара дама со изветвен фустан. Дух, Порака. Лимена звучна кутија. Ковчег (полн слики). Архив на колективни сеќавања. Трезор на лични возбуди.  Шеталиште на звук. Културен бунтовник. Таа е и сведок, и воајер, и соучесник. (ја потпевнува Пети Смит и налева пиво во своето исушено грло.

Нејзината архитектонска структура флуктуира помеѓу различни урбанистички и естетски толкувања. Во неа се вградени и се читаат мноштво слоеви. Некои се потпираат на чисти технички подлошки, повеќето од нив ја надминуваат состојбата на единствено архитектонско толкување и преминуваат во состојба на културолошки феномен. Тие слоеви се несрушливи и ја преземаат улогата на носечки фундамент на целата конструкција и архитектонска структура и стануваат главни елементи на препознавање, можна платформа за културна идентификација.

Тие слоеви се како бранови кои со години преклопуваа и преплавуваа, генерираа енергија и го реобликуваа постоечкото тло. Во тие пластови сеуште ечи силен молк и нескротлив крик. Во тие зони трубите го пробиваа звучниот ѕид.

Да се сруши еден ваков објект значи да се обеззначаи еден генерациски бран, од едната и од другата страна на сцената. И зад сцената.

Да се избрише еден ваков објект од културната мапа, значи да се стави под нож гласот на Цезариа Евора, да се искомпромитира целиот звуковен багаж, тој невидлив еманципатор!

Нејзините црни кутии сведочат за долги музички летови, нејзиниот мотор-за небројлива минутажа. Зад секое седиште- дух, под секое седиште-звук со сила да подигне задник.

Звучната гравура длабоко втисната без можност за бришење и повторно полирање. Место полно со духови кои седат во Норвешка, Финска, Куба, Азербејџан и пијат пиво во неа, потпрени на полураспаднат шанк и бришат пена од брк.

Таа е конглометат од фолии (како за анимиран филм), музикална дама со истенчено сетило за слух, дружељубка, звукољубка, љубољубка. А сите ние се фативме за нејзиниот фустан.

И тука архитектурата нема ништо со тоа.

Универзална сала не е објект, затоа и нема да може да се сруши.

Текст и цртежи: Перо ГЕОРГИЕВ, дипл.инж.арх.

3_resize 4_resize

Испрати коментар

Scroll To Top