Насловна / Вести / Се гради ветерен парк од 450MW во Јадранско море

Се гради ветерен парк од 450MW во Јадранско море

Новиот ветерен парк кој се гради во Јадранско море, ќе се состои од 56 турбини со темели прицврстени за морското дно, на две локации во близина на Равена. Едната локација е оддалечена нешто повеќе од 8 наутички милји од брегот, а другата околу 12 наутички милји. Проектот опфаќа и пловечка соларна технологија и производство на „зелен“ водород, соопштуваат од компанијата Saipem, која е еден од партнерите во проектот. Партнер е и компанијата AGNES, која развива ветерни паркови на море, пловечки соларни електрани и системи за складирање на енергија. AGNES исто така се занимава и со производство на водород.  Третиот партнер во проектот е  QINT’X. Рокот за изградба и пуштање во погон на овој парк е 3 години.

saipem1

saipem2

 

Испрати коментар

Scroll To Top