Опкружена со планински венци, оваа куќа во Вајоминг, на барање на клиенти, претставува мешавина од рустикален шарм во локален стил и модерна архитектура.
Куќата наречена Lone Pine Residence се наоѓа во планински предел познат по скијање и други спортови на отворено, а погледот од скоро секој дел од куќата е насочен кон прекрасната околна природа. Архитектонското биро CLB Architects, автор на проектот на куќата, го осмислило дизајнот во согласност со желбите на двојка од Њујорк, така што објектот има топол и пријатен, а во исто време елегантен и гламурозен дизајн.
„Кога аграрната архитектура е комбинирана со елегантни ентериерни детали, се создава совршен брак помеѓу локалниот и њујоршкиот стил“, велат архитектите од CLB Architects.
Куќата е организирана во форма на два волумена обложени со темно дрво кедар. Кедарот на фасадата е складно комбиниран со елегантни стаклени панели, кои најмногу се користени во зоната на спојување на двата волумена, дневната соба, како и на влезот, пишува Dezeen.
„Двата големи волумена, поврзани со транспарентниот хол, создадоа архитектура која е замислена како апстракција на вообичаените локални ранч структури“, додаваат од CLB Architects.
Големите прозорци се позиционирани така за да овозможат поглед на околните скијачки патеки. Некои делови на волуменот се целосно засенчени со цел да се креираат отворени простори кои дополнително ќе ја поврзат куќата со околината, но и ќе го контролираат приливот на светлина.
Настрешниците во овие делови помагаат да се формира тераса што се протега на северната страна на објектот, а претставува продолжување на трпезаријата и дневната соба кон надвор.
Внатре, белите sидови и високите коси тавани ја истакнуваа убавината на елементите изработени од махагони, подовите од даб и декоративниот камен.
Големиот камин обложен е со камен кој на објектот му дава рустикален изглед, а воедно преку овој елемент на уште еден начин се воспоставува врска со отворениот простор, бидејќи каменот проникнува и низ елементите на екстериерот.
Во приземјето на куќата, во централниот дел, сместена е ТВ-соба, како и работна соба, додека спалните соби и бањите се во другото крило.
На катот на куќата има уште три спални соби со бањи и гардероби.
На скалите може да се видат кожни елементи, кои истовремено изгледаат ефектно и елегантно.
Неколку уметнички дела со голем формат дополнително го оплеменува просторот на куќата.