Насловна / Архитектура / Нова Apple продавница во Сингапур

Нова Apple продавница во Сингапур

Apple отсекогаш ги поместувал границите на технологијата, како и архитектурата на нивните продавници. Овој пат создадоа голема, блескава, топка што плови како Apple продавница, која изгледа како Apple да паднала далеку од стеблото, право во вода.

1_resize

Најновата продавница за нивните производи се наоѓа во Сингапур на брегот на градот и официјално е позната како Apple Marina Bay Sands. Таа е прва продавница на Apple што лебди и нуди целосно ново искуство.

3_resize

Во текот на денот, продавницата потсетува на нешто од научно-фантастичен филм и сигурно ќе го привлече вниманието на луѓето. Но, највозбудлива е во ноќните часови кога ќе заблеска на позадината на градот исполнет со облакодери. Куполата на павилјонот се стеснува до окулус, овозможувајќи светлината непречено да ја исполни внатрешноста на топката.

4_resize

6_resize

Стаклените панели го отсликуваат небото во текот на денот и зрачат со топла светлина во текот на ноќта. Додека се чекаат повеќе детали за нејзината внатрешна поставка, познато е дека ова е 512-та продавница за малопродажба на Apple и дека е отворена со мало графичко видео. Оваа продавница на Apple се нарекува и „фенер на заливот“, што е суптилен поздрав на Сингапурскиот есенски фестивал Mid-Autumn. Патека за пешаци и подводен тунел ја поврзуваат продавницата со трговскиот центар во близина.

2_resize

Дизајнот на продавниците на Apple е интригантен и може да се препознае каде било во светот (дури и без логото на компанијата), но истовремено секоја продавница е дизајнирана за да се вклопи во културата на тој градови. Има нишка на глобална униформност која провејува во секоја продавница, а притоа се грижи за привлекување на домашна публика.

7_resize

Испрати коментар

Scroll To Top