Насловна / Вести / Завршена изградбата на најголемиот ветерен парк на копно „Фосен“

Завршена изградбата на најголемиот ветерен парк на копно „Фосен“

Норвешката државна електроенергетска компанија Statkraft, соопшти дека е поставена и последната ветерна турбина во еноенергетскиот комплекс за ветерна енергија  „Фосен“, најголем од таков вид во Европа, чија вкупна инсталирана моќност е 1,06 GW. Последниот од вкупно 277 агрегати произведени од Vestas е подигнат во рамките на ветерниот парк  Geitfjellet, еден од шесте кои го сочинуваат проектот „Фосен“ во централна Норвешка.  Со тоа, овој комплекс чија изградба започнала во 2016 година, веќе ќе може да премине кон фазата на тестирање.

fosen3

Statkraft, најголемиот производител на енергија од обновливи извори во Европа, има удел од 52.1% во проектот „Фосен“, додека конзорциумот Nordic Wind Power, предводен од компанијата Credit Suisse Infrastructure Partners, поседува 40%. Остатокот е во сопственост на норвешката електроенергетска компанија TrønderEnergi. Шесте ветерни паркови во склоп на „Фосен“ заедно ќе произведуваат 3,6 TWh електрична енергија годишно.

fosen2

Во текот на изградбата на комплексот, Statkraft и неговите партнери во проектот се соочувале со препреки како обилни снежни врнежи и пандемијата, но и протести од страна на локалната заедница на одгледувачи на ирваси. Сега инвестирорите се соочуваат со нов проблем – рекордно ниските цени на електричната енергија на нордискиот пазар, кои би можеле да ја загрозат профитабилноста на комплексот „Фосен“. Имено, цените во вториот квартал паднале за дури 84%, на 5,6 евра по MWh, поради топењето на големи количини на снег и полните акумулации. Сепак, се очекува опоравување на пазарот во текот на 2021 година.

fosen1

Испрати коментар

Scroll To Top