Насловна / Вести / И Скопје меѓу петте градови од југоисточна Европа кои се стремат да имаат нулта емисии до 2030 година?!

И Скопје меѓу петте градови од југоисточна Европа кои се стремат да имаат нулта емисии до 2030 година?!

Пет градови во пет различни земји од југоисточна Европа, се дел од проектот кој има за цел постигнување на нулта емисија на CO2 веќе во 2030 година. Моделот за финансирање на оваа амбициозна трансформација би требало да биде таков што нема да го зголемува постоечкото ниво на задолжување на јавниот и приватниот сектор. Станува збор за Ниш, Марибор, Сараево, Крижевци и Скопје.

Проектот “Трансформативен финансиски механизам за заедниците од југоисточна Европа“  (Transformation Financial Mechanism for Communities of  South Eastern Europe), го спроведува граѓанското здружение  SmartUp – Social Innovation Lab од Скопје. Покрај остварувањето на нулата емисија до 2030 година, целта е овие градови до 2025 година на бидат „меѓу најдобрите места во Европа за живот, работа и посета“. Овие градови се соочуваат со исти предизвици, како загадување на воздухот, лоша инфраструктура, неефикасни јавни служби, иселување на населението и драстичен пад на довербата во институциите. Потенцијалните области во кои би се применувале механизмите од Програмата се: одржлива урбана мобилност, обнова на стари и енергетски неефикасни згради, обновливи извори на енергија, третман на отпадните води и сл.

Ова еден од 11-те проекти во Европа и еден од трите во регионот, кој е избран за финансирање од страна на EIT Climate-KIC, во склоп на т.н  Pandemic Response Projects, чија цел е поттик за отворање на нови работни места и економско опоравување по пандемијата.

kic1

Испрати коментар

Scroll To Top