Насловна / Вести / Повик за поддршка на домаќинства од населба Лисиче за мерки за енергетска ефикасност

Повик за поддршка на домаќинства од населба Лисиче за мерки за енергетска ефикасност

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), објавува повик за избор на домаќинства во Населба Лисиче кои ќе бидат поддржани со грант во висина до 10.000 американски долари, во денарска противвредност, со цел да воведат мерки за зголемување на енергетска ефикасност на своите домови и на таков начин да се придонесе кон намалување на загадувањето на воздухот. Финансиската поддршка за воведување на овие мерки е обезбедена од страна на Владата на Шведска преку проектот „Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје“.

Мерењата на загаденост на воздухот покажуваат дека Населбата Лисиче во Скопје е меѓу најкритичните во Скопската котлина. Имајќи ги предвид местоположбата и карактеристиките на Населбата Лисиче – индивидуални објекти за домување, близната на станицата за мониторинг на квалитет на воздух на МЖСПП, растојанието од индустриските капацитети, доминантниот начин на загревање на домовите со огревно дрво и сл. – оваа зона е предложена од експертите како тест област во која треба да се спроведат мерки за зголемување на енергетската ефикасност на домовите, како еден од начините да се намали емисијата на штетни честички во воздухот.

ун_resize

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?

Можност да се јават на повикот имаат сите физички лица со постојано место на живеење во областа означена на мапата1 или во нејзина непосредна близина, кои поседуваат индивидуален објект за домување – куќа или дел од куќа, за кој постои доказ дека е во сопственост на апликантот.

Проектот поддржува спроведување на енергетско-ефикасни мерки во најмалку 100 домаќинства2. Изборот на домаќинствата ќе се направи според веќе дефинирани критериуми. Во домаќинствата избрани на повикот ќе се спроведе енергетска контрола  со цел да се направи проценка на енергетската ефикасност на објектот и да се предложат конкретни мерки за заштеда на енергија како и пресметка за трошоците за нивно спроведување. Извештајот од енергетската контрола ќе биде презентиран на секое домаќинство со цел да се усогласи/одобри начинот на кој ќе се направат предлог-интервенциите.3

Поддршката обезбедена од страна на проектот изнесува максимум 10.000 американски долари по домаќинство4, во денарска противвредност. Главен предуслов за обезбедување на поддршката е домаќинствата да бидат подготвени да кофинансираат дел од предвидените интервенции. Исклучок од ова правило се домаќинства кои припаѓаат во ГРУПА 1, кои немаат обврска да обезбедат средства за кофинансирање, односно целата интервенција ќе биде покриена од страна на проектот. Финансискиот удел на домаќинствата за кофинансирање на предвидените мерки за енергетска ефикасност ќе зависи од висината на месечниот/годишниот доход5 на сите членови на домаќинството во 2019 година.

Повеќе може да се информирате тука.

ун2_resize

Испрати коментар

Scroll To Top