Насловна / Архитектура / Куќа во Аргентина на која први комшии и се борови

Куќа во Аргентина на која први комшии и се борови

Натур бетонот на оваа викендица одлично послужил како позадина за десет борови околу кои е подигнат двокатен објект.

Архитектонското биро Estudio Frolik, кое го потпишува проектот за куќата наречена House With Ten Pines (Куќа со десет борови), добило задача конструктивниот склоп на овој објект, во местото Пинамар во Аргентина, да го прилагоди на локациските услови и да ја исполни желбата на инвеститорот, викендицата делумно да се вкопа во земја.

12_resize

За да се создаде што попријатна атмосфера внатре, направена е викендица на две нивоа со вкупна површина од 260 квадратни метри во која применетиот натур бетон ја нагласува конструкцијата, го изразува карактерот на просторот, но е и одлична позадина за боровите кои излегуваат во преден план.

1_resize

Долното ниво, под нивото на тлото, организирано е низ два тракта. Првиот е наменет за комуникација и комплетно е вкопан, па нема директна сончева светлина, додека другиот, поблиску до стаклената фасада е организиран како низа спални соби.

2_resize

16_resize

На сличен начин е организиран и катот. Катот за разлика од сутеренот, може да оствари дополнителна врска со опкружувањето, преку стаклената фасада, која по желба може да се отвори во зоната на трпезаријата.

8_resize

Имено, транспарентната фасада во овој дел може целосно да се отстрани, така што трпезаријата станува дел од покриената тераса. На овој начин се добива апсолутен континуитет на просторот и се создава уникатна целина во која внатрешноста се меша со надворешноста, велат архитектите за ArchDaily.

17_resize

Нивоата креираат врска преку две скалишта, каде едните започнуваат од зоната на спалните соби, а излегуваат во кујната, додека другите се надворешни и водат од сутеренот до терасата.

Вака се создаде простор кој е функционален, а сепак од друга страна е свртен кон природата, односно кон првите соседи – боровите!

18_resize 13_resize 14_resize 5_resize 6_resize 4_resize 9_resize 10_resize 3_resize 11_resize

Испрати коментар

Scroll To Top