Власте во Пекинг продолжуваат да субвенционираат купување електрични возила. За оваа намена се трошат милијаради евра, па Кина со речиси половина од светската продажба на електрични автомобили, стана најголем пазар на е-возила. Субвенциите требало да завршат во 2022. година, но продолжени се до 2025. Со цел производителите да ги совладаат последиците на пандемијата.
Кинескиот бренд за електрични автомобили „Нио“ планира да го освои западниот пазар следната година, каде што сака да воспостави и нова услуга, замена на испразнетите батерии со полни, наместо дополнување, што би му помогнало да се натпреварува со својот ривал од САД, „Тесла“.
„Се надеваме дека во втората половина на следната година ќе започнеме со истражување со продажба на мал број возила во земји каде што се тие популарни. Нашата цел е Европа, каде што ќе бидат поставени и станици за размена на батерии, така што опсегот ќе биде многу поголем, особено во скандинавските земји, каде продажбата достигна 40 отсто од пазарот на автомобили“, вели Вилијам Ли, директорот на „Нио автомобил“.
Потенцијална конкурентска предност на компанијата „Нио“ е услугата која им овозможува на сопствениците да ги заменат испразните батерии со полни, наместо сами да ги полнат.
Компанијата поставила 143 станици за замена на батерии во Пекинг, Шангај и други градови.
„Ќе имаме кокурентен и квалитетен автомобил пандан на ‘Тесла’. Можно е да се користи во рент-а-кар и такси, а цените ќе бидат дампинг. Инфраструктурата на станиците за замена на батерии, која трае се на се 30 секунди, сами ја финансираме“, објаснил Ли.
Кинеската фабрика „Нио“ сака да се натпреварува во Америка во градови како Њујорк и Чикаго, каде сопствениците паркираат на улица или на други места, каде не можат да ги наполнат батериите со приклучување на домашната или јавната мрежа.