Насловна / Вести / Siemens гради фабрика за „зелен“ водород во Кина

Siemens гради фабрика за „зелен“ водород во Кина

Познатиот германски производител на енерегeтски постројки Siemens Energy започна со изградба на првата фабрика за „зелен“ водород во Кина. Проектот се реализира во соработка со кинеската компанија Beijing Green Hydrogen Technology Development која е подружница на кинескиот енергетски гигант China Power.

Постројката се гради на подрачјето на округот Yanqing во Пекинг. Водородот ќе се произведува по пат на електролиза, а електричната енергија која притоа ќе се користи ќе потекнува исклучиво од обновливи извори. Вака произведениот водород ќе се користи низ станиците за полнење во споменатиот округ.

Меморандумот за разбирање за реализација на овој проект е потпишан во септември 2019 година, а се очекува погонот да биде пуштен во работа во мај 2021 година.

siemens1

 

Испрати коментар

Scroll To Top