По 30 години забрзан издустриски развој и урбанизација, жителите на Кина во која 70% од енергијата се добива од јаглен, се гушат во тешко загадениот атрмосферски воздух. Заради тоа, многу од поимотните семејства, особено младите се одлучуваат да купат стан во регионите што се помалку загадени, а особено во приморските градови.
Во последниот период овој тренд доведе до драстично поскапување на становите во тие области. Цените на недвижностите највеќе се зголемиле на островот Хаинан, лоциран на три часа возење од Шангај. Во споредба со 2012 година цените овде се зголемиле двојно, па денес стан од 100 метри квадратни чини над 23о.000 евра.