Во чест на мисијата SpaceX Dragon, рускиот луксузен бренд Caviar, претстави специјално издание како вид прослава на монументалното лансирање на Илон Маск.
И додека Маск продолжува да го восхитува светот секоја година со своите неверојатни идеи и иновативен инженеринг, iPhone моделите стануваат се поскапи. Со овој Limited Edition SpaceX iPhone 12 Pro, iPhone ги соборува рекордите, со цена од пет илјади американски долари. За создавање на овој премиерен модел, кој е дел од Discovery Colleciton линијата на Caviar, дизајнерите биле инспирирани од успешната мисија на вселенското летало на Маск, Dragon.
Моделите го носат натписот Musk Be On Mars, поставен на задната плоча од титаниум, заедно со потписот на славниот иноватор и детална слика на вселенскиот брод кој се издига на Црвената планета, што придонесува на нивната вредност. Покрај тоа, моделот Discovery Musk Be On Mars е особен, бидејќи е декориран со парченца од вселенската капсула. Моделите се ултра ексклузивни и ќе бидат произведени вкупно само 19 парчиња, а нивната цена се движи од 5.830 до 6.290 долари.
Apple својата следна генерација iPhone, планира да ја претстави на есен, но Caviar во ниту еден момент не губи време да ги пресретне новите паметни телефони.
Caviar покрај телефонот, подготвил и линија персонализирани Musk Be On Mars Nike Air Force 1 патики, кои носат парче од шатлот кој бил во вселената и рачно насликан вселенски пејзаж, со цена од 1.380 долари.