Европското здружение на производители на автомобили (ACEA), неодамна ги објеви анализите на актуелната ситуација во секторот сообраќај во Европската унија. Првата од низата анализи се однесува на староста на возилата. Аналитичарите откриваат дека возниот парк во ЕУ е се постар. Просечната старост на автомобилите во 2019 година била 10,8 години, а во 2016 година била 10,6 години.
Податоците од 2018 година покажуваат дека најстари патнички автомобили возат Естонците, Литванците и Романците, чија просечна старост надминува 16 години. Најнови автомобили на патиштата сообраќаат во Луксембург – 6,4 години. Според сознанијата на ова здружение, најпопуларен избор во ЕУ минатата година биле бензинците кои учествувале со 58,9% во новорегистрираните возила во ЕУ. Второто место го заземаат дизелашите со удел од 30,5%. Следуваат хибридите со 5,9% и електричните возила со 3%.