Насловна / Вести / Пластика која може повеќекратно неограничено да се рециклира

Пластика која може повеќекратно неограничено да се рециклира

Уште еден во низата пронајдоци со цел намалување на загадувањето со пластика, доаѓа во вид на пластика која може неограниен број пати да се рециклира. Со оглед дека моментално само дел од пластиката може да се рециклира и повторно да „оживее“, Еуген Чен и неговите колеги од Универзитетот Колорадо во САД, се посветиле на проучување на техниките на рециклирање. Круна на нивната работа е пластиката која не губи на квалитет, без оглед на тоа колку пати е рециклирана. Новиот материјал е наречен  PBTL. Иноваторите истакнуваат дека материјалот се одликува со извонредна цврстина, и дека е можно да се користи за различни амбалажи на спортска опрема, автомобилски делови, па дури и градежен материјал. За разлика од класичната пластика, процесот на рециклирање на  PTBL е значително поедноставен. Доволно е да се загрева 24 часа на температура од 100 степени Целзиусови, со одредени хемиски катализатори. На овој начин,  PTBL се враќа во својата првобитна состојба и подготвен е да се претвори во нов производ. Единствениот засега познат недостаток на PTBL, е во неможноста да се рециклира ако е измешан со други видови пластика. Тимот научници предводен од Чен, веруваат дека неопходноста од негово „издвојување“ е сепак мала цена за сите предности на овој материјал.

recyc1

recyc2

recyc3

Испрати коментар

Scroll To Top