Основното училиште Highgate Primary School во Перт, Австралија е догорадено со нови четири училници на локалитет кој е дел од културно наследство. Училниците ги внесуваат учениците во креативно опкружување во околниот контекст создавајќи нови односи.
Училиштето, проект на австралиското проектантско биро iredale pedersen hook, нуди мноштво искуства, од визури до интимни искуства во училниците.
Светлината, бојата и функцијата на објектот развиени се како едукативна алатка што го проширува наставниот план и програма на изграденото опкружување. Зградата е микрокосмос на градот, која одговара на разновидните и мултикултурни ученици, овозможувајќи да најдат место и простор за своите склоности.
Архитектите покренале цела студија на школата заради намалување на влијанието на градбите кои се културно наследство и на рекреативните зони. Создале силен урбанистички гест доведувајќи го училиштето до аголот и редефинирајќи го влегувањето во објектот.
Аголна кула е во средиште на пресек на градски, верски, индустријски и кули со дрвја и соодестствува со кулите и големите урбани прозорци. Активностите во училницата сега претставуваат дел од доживувањата на улицата и обратно.
Материјалите и формите упатуваат на културното наследството без имитација и ограничувања. Партер од природен варовник, мешавина од четири тули и кос кров од челичен лим се во постојан дијалог.
Интервенцијата од стакло-пластика со позадинско осветлување реагира на витражите на соседните резиденцијални станови, изглед кој се менува дење и навечер.
Времето е мапирано во аглите кои се свртени кон север, три ленти во боја го фаќаат зимското утринско сонце, сонцето на пладне и попладне. Кружниот отвор во плафонот во надворешниот простор за учење, овозможува продор на северна светлина. Кружната шара на влезот на подот и виолетовата линија на ѕидот го означуваат почетокот и крајот на учебната година.