Крузерот MSC Grandiosa исплови од Џенова, италија на седумдневно крстарење, а планира да запре во три италијански пристаништа, како и во Валета, главниот град на Малта. Компанијата MSC Cruises, соопшти дека патниците и екипажот биле тестирани на коронавирус пред да влезат на бродот. Ова крстарење започнува во период кога расте бројот на заразени ширум Италија, а италијанските власти ги затворија сите ноќни клубови. Носењето маски е задолжително во периодот од 18 до 6 часот, на јавните места каде што не е можно социјално дистанцирање. MSC Cruises соопштува дека крузерот не е целосно пополнет, туку со 70% од капацитетот. Италија е седма на светот по бројот на патници на крстарења, откако во 2018 година забележала над 800.000 туристи кои се одлучиле за ваков вид на одмор.