Насловна / Вести / Ентериер на стара камена куќа, во сложен историски контекст во Котор

Ентериер на стара камена куќа, во сложен историски контекст во Котор

Во јадрото на стариот град Котор, Црна Гора, кој е дел од светското културно наследство под заштита на УНЕСКО, направена е ревитализиција на стара куќа со целосно почитување на историското наследство.

1_resize

Проектирање на ентериер на стара камена куќа, во сложен културно-историски контекст, во кој секоја градежна и занаетчиска интервенција мора да биде внимателно испланирана и изведена, само по себе е предизвик. Особено е предизвикувачки, кога на барање на инвеститорот, треба да се направи ентериерно решение на стан од само 25 квадратни метри во кој ниту еден ѕид не е под прав агол.

7_resize

„И покрај тоа што поради денивелацијата на теренот однадвор делува како приземна куќа, предметниот простор всушност е стан во трокатен објект, што дополнително го отежнуваше секој вид градежна интервенција“ – велат архитектите Зоран Спасиќ и Милица Андриќ-Спасиќ од архитектонското биро од Тиват „Паралеле“, кои се автори на овој проект.

12_resize

2_resize

Стабилноста на објектот и можноста за дополнително оптеретување во зоната на санитарниот блок постигната е со замена на дотраената меѓукатна конструкција од дрвени греди со ортогонална мрежа од челични кутијасти профили, анкерисани по периметарот на камените sидови.

6_resize

Проектната задача е современа интерпрентација на традиционалните мотиви со сите неопходни функции за подолг повремен престој. Со оглед на реципроцитетот на барањата и ограничувањата, удвојувањето и преклопувањето на зоните на активности било неопходност со која се постигнати просторен и функционален квалитет.

3_resize

Во организациската шема, кујната зафаќа централен простор што ја поврзува /одвојува дневната соба од ноќната зона. Единството на просторот се постигнува со пониската висина на ѕидот на кујната, со што сите функционални зони се интегрирани во еден простор во кој доминира дрвена кровна конструкција.

4_resize

Единствениот затворен дел од просторот е санитарно-техничкиот блок во кој се наоѓа бањата, а кон дневната соба дел од кујнските елементи, машината за перење и оставата. Двоседот во дневната соба на расклопување овозможува трансформација на дневната зона во дополнителна соба за спиење во случај на потреба за поголем број корисници.

11_resize

13_resize

Во бањата со употреба на плочки со голем формат и со висок сјај, голема огледална површина, рефлектна стаклена преграда за туш со клизна врата од мат стакло, постигнат е ефект на отворен и проѕирен простор.

5_resize

Ѕидовите се обработени со декоративен фасаден малтер со детали во камен, а кујнските елемен и шкафовите се од дабово дрво во бела боја. Видливата дрвена конструкција исто така е во бела боја, а бродскиот под во црвенкаст, коњак тон.

14_resize

8_resize 9_resize

Испрати коментар

Scroll To Top