Насловна / Архитектура / Современ семеен дом на урнатини од 17 век

Современ семеен дом на урнатини од 17 век

Дури и долго напуштените урнатини можат да добијат шанса за нов живот, а тоа најдобро го потврдува неверојатната куќа „Parchment Works“, која е изградена на остатоци од стара мелница од 17 век, која била дел од поранешна фабрика за хартија и околните плевни.

dom
Оваа необична семејна куќа се наоѓа во Нортхемптоншир, Велика Британија и е дело на архитекти од бирото „Will Gamble Architects“, кои ја искористиле старата тула на совршен начин и ја комбинирале со модерна надградба.

dom1
Хармонична транзиција помеѓу старото и новото е постигнато со употреба на големи стаклени панели, панорамски прозорци и врати.
Стаклените површини не само што ги поврзуваат сите делови во една целина, туку го зачувуваат историскиот шарм на старата градба.

dom2
Сопственикот на куќата сакал да ја зачува постојната архитектура, така што на архитектите не им било дозволено да ги срушат или да ги преместуваат sидовите.
Како резултат, се создала светла и отворена внатрешност, која во еден дел ги обединува кујната, трпезаријата и дневната соба.

dom3
Издвоени се само приватните простории – спални соби и бањи, но дури и тие простории се дефинирани од постојните ѕидови.
Интересен елемент за внатрешни работи се потпорните дрвени греди кои се сочувани од разрушениот покрив на некогашната штала, а во новиот дом прават атрактивен контраст со ултра модерните елементи во кујната.

dom4

dom5

dom6

dom7

Испрати коментар

Scroll To Top