Суле Коч, индустриски дизајнер од Истанбул, создаде интригантно и различно парче мебел насловено „Софист“. Оваа „гарнитура“ е направена од едноставна метална рамка и декорирана е со перници. Со уникатни карактеристики како што се специјални „џебови“ за складирање на книги и мала дрвена маса, „Софист“ е еден вид мебел, кој дава чувство на мала „лудост“ дома. Минималистичка гарнитура со индустриски елементи, која не може да се користи за спиење, но е иделна за читање и за релаксација.
Ова е одличен пример за филозофијата „помалку е повеќе“. „Софист“ може да биде едно интересно решение за оние што сакаат нешто да изменат во своето домашно опкружување. И ако сте во расположение за малку индустриски минимализам, шансите се големи да ви се допадне ова парче мебел.