Коралите кои со векови живеат на кај брегот на Мурицијус, загрозени се од нафта излена од јапонски танкер, велат научниците.
На сателитските снимки се гледа 1.000 тони излена нафта, која се шири северно долж брегот од местото на излевање во тиркизните води на морскиот парк Блу Беј, пренесува Ројтерс.
Научниците тврдат дека штетата предизвикана од излевањето, може со децение да влијае на Маурицијус и неговата економија зависна од туризмот.
„Ова излевање на нафта се случи во едно од најосетливите подрачја на Маурицијуа, ако не и најосетливото“, изјави океанографот и инженер за заштита на животната средина, Васен Каупаимуто од островот, каде ја надгледувал катастрофата.
Според неговите зборови, ќе бидат потребни децении за да се опарави од оваа штета, а некои од гребените можеби никогаш нема да се опорават.
Нафтата доаѓа од јапонскиот брод МВ Вакашио, кој на 25. Јули се насука на гребен. И натамо не е јасно зошто бродот пловел толку блиску до брегот.
Околу недела дена подоцна почна да истекува нафтата, меѓутоа истекувањето е запрено, велат властите, откако ја испумпале преостанатата нафта од бродот.
Сопственикот на бродот „Нагашики шипинг“ рекол дека ќе се соочи со одговорноста и ќе ја процени надокнадата на штетата.