Насловна / Архитектура / Зелена мрежа во Атланта за љубителите на птици

Зелена мрежа во Атланта за љубителите на птици

Бирото за архитектура и дизајн од Њујорк, SO-IL направило метална зелена мрежа во Атланта, која формира мрежасти лежалки и простор за ранење птици.

8_resize

Проектот наречен Murmuration, (мрморење) поставен е на плоштадот пред Музејот за висока уметност, дограден од Ренцо Пиано и со оваа зелена мрежаста структура SO-IL сакале да обрнат внимание на единствениот градски пејзаж на Атланта кој е познат по изобилството од дрвја.

2_resize

Murmuration покрива површина од 218 квадратни метри и дава на Атланта референца за односот кон природата, користејќи и камери за следење на миграциите на птиците. Бирото овие контекстуеални елементи ги претвора во едноделна структура со висечки мрежи, простор за ранење птици, елементи за лежење.

1_resize 7_resize

Архитектите создале шест сегменти, носени од шест столба кои ја извлекуваат мрежата по висина, а создавајќи и мрежа во долниот дел која се растегнува во линеарна форм и го покрива просторот.

„Додека поминуваат преку плоштадот, луѓето ги опкружува мрежаста настрешница со челична рамка, што евоцира на дрвја кои ги има ширум регионот“, велат од SO-IL.

6_resize

Скуптуралниот аранжман има ехо од мрморење (murmuration) на јато птици. На настрешницата се поставени хранилки за птици, места за лежење, елементи кои потикнуваат интеракција, набљудување и свест.

3_resize 4_resize

Од бирото велат дека Murmuration е осмислена со цел да потикне разговори за биолошката разновидност, изумирање и заедничкиот соживот. Тие велат и дека создавањето на одржлива иднина на Атланта вклучува и одржување и зголемување на бројот на стеблата.

Архитектите објаснуваат „Murmuration во својот наслов и концепт исто така се залага за напори за зачувување на птиците, поставувајќи го прашањето за нивна загуба и што тоа значи за нашата иднина“.

11_resize

Конструкцијата е направена во Мексико и допремена во Атланта. Оваа настрешница може да се размонтира и повторно монтира на некоја друга локација и на тој начин создаде свој миграциски пат.

Привремената инсталација на SO-IL може да се види до 29 ноември 2020 година на плоштадот на Музејот за висока уметност.

9_resize 10_resize X:SO-IL PUBLICATIONSB2001_A+U2_CONTENT1_CAD2020-08-07_DRA

Испрати коментар

Scroll To Top