Насловна / Вести / ЕУ воведува данок на нерециклираната пластика

ЕУ воведува данок на нерециклираната пластика

Европската унија од 1-ви јануари 2021 година воведува данок на нерециклиран пластичен амбалажен отпад кој земјите членки ќе мораат да го уплаќаат во буџетот на Унијата. Данокот е еден од начните да се финансира пакетот за опоравување од последиците на пандемијата, вреден 750 милијарди евра.  Во заклучоците од состанокот на Советот на ЕУ за мерките за опоравување од пандемијата, се наведува дека прв чекор ќе биде токму воведувањето на овој вид данок. Националните придонеси ги пресметува Европската комисија врз основа на постоечките обврски за известување во согласност со Директивата за амбалажен отпад. Врз основа на таа Директива, земјите членки доставуваат податоци за пластичната амбалажа и рециклирањето.

Данокот ќе биде пресметан врз основа на стапката од 0,80 евра по килограм, со механизмот кој би требало да го спречи претераното намалување на националните придонеси, се наведува во заклучоците усвоени од Советот на ЕУ.

Инаку, освен овој данок, ЕУ планира да воведе и данок на CO2 за стоката која се увезува од земјите со емисии кои се повисоки од референтните вредности на ЕУ.

plastictax1

plastictax2

Испрати коментар

Scroll To Top