Во близина на Дејн Појнт во Калифорнија, снимени се околу 300 делфини како јурат преку океанот на воодушевување на група луѓе кои дошле да набљудуваат китови.
Делфините најбрзо се движат скокајќи од вода и летајќи по неколку метри со секој скок, бидејќи воздухот создава помал отпор од водата.
„Се смета дека во ваква ситуација делфините или бегаат од предатори како орки, брзаат да стигнат јато риби или брзаат да се сретнат со друга група делфини“, велат од организацијата „Capt. Dave’s Whale Watching Safari“, која организира тури за набљудување на китови.
Кај брегот на Јужна Калифорнија живеат оклу 450 илјади делфини.