Насловна / Арт и дизајн / Инспрација за ликот на Модести Блејз, девојче од Балкан

Инспрација за ликот на Модести Блејз, девојче од Балкан

Модести Блејз е лик од истоимен стрип настанат 1962. година чии творци се Питер О’Донел (сценарио) и Џим Холдавеј (цртеж). Стрипот ги следи доживувањата на измислениот лик Модести Блејз, необична млада жена со многу таленати и криминално минато и нејзинот верен партнер Вили Гарвин.

1_resize

Стрипот Модести Блејз дебитирал во лондонскиот весник The Evening Standard на 13. мај 1963. година, а објавен е и во разни други весници.  По смртта на Џим Холдавеј 1970, стрипот ќе го црта Енрике Ромеро. Осум години подоцна, Ромеро дава отказ за да се посвети на свои проекти. После него како цртачи се опробале, Џон Бернс, Патрик Рајт, Невил Колвин се до 1986, кога Ромеро се враќа и продолжува да го црта стрипот до крај. Постојат 96 стрип приказни за Модести Блејз и сте ги напишал Питер О’Донел. Стрипот е екранизиран во 1966, 1982. и 2003, а постои и серија романи и новели која почнала 1966. година.

2_resize

Во 1996. О’Донел ја напишал последната збирка приказни за Модести Блејз, Cobra Trap, а во 2001. година завршил и стрипот. Ликот на Модести Блејз бил популарен, па така се барале нови писатели за нејзините доживувања.  О’Донел, кој починал во 2010. година ги поседувал правата на Модести Блејз и строго забранил друг да пишува за овој лик.

3_resize

Идејниот творец на Модести Блејз, О’Донел ја опишал како феминистички и индивидуалистички женски лик, но зборувал за тоа и од каде ја добил инспирацијата за оваа стрип хериона.

8_resize

О’Донел кој учествувал во Втората светска војна, како млад подофицир бил задолжен за одред везисти, 1942. година распоредени во персиската област. Тој тогаш ја добил иснпирацијата за ликот на Модести Блејз. Раскажувал дека токму кога бил тамо, додека одмарале се појавило преплашено девојче со црна коса.

4_resize

Била дел од група бегалци од Балкан, кои не биле во голем број. Девојчето се плашело од секој член од неговата екипа, но сепак го земала оброкот, храна и вода, кој и го понудиле. Продолжила понатаму, се изгубила некаде, но нејзиното господско, пред се гордо држење О’Донел никогаш не го заборавил.

9_resize

Нешто повеќе од 20 години подоцна, настанал гордиот и силен лик, Модести Блејз, светски познатата стрип хероина, како сеќавање на воен ветеран.

5_resize 10_resize 11_resize 6_resize 7_resize

Испрати коментар

Scroll To Top