Дел од јавноста е исплашен дека после експлозијата во Бејрут, дел од отровните гасови би можеле да стигнат во регионот. Доцентот, др Душан Вељковиќ од Хемискиот факултет во Белград гостувајќи на емисија на РТС, вели дека седум дена по експлозијата во Бејрут, не е зголемена концентрацијата на азот-диоксид во воздухот.
Тој наведува дека не е загрозен поради две причини.
Прво, вели дека целата количина на амониум-нитрат која експлодирала не преминала во опасен азот-диоксид. Дел изгорел и станал обичен азот, кој и инаку го има во воздухот.
Втората причина е вели Вељковиќ, фактот дека азот-диоксидот добро се раствора во вода, а на патот до регионот мора да помине преку море.
Говорејќи за амонијум-нитратот, кој ескплодира во Бејрут, наведува дека е тоа бела, цврста, кристална супстанца која на хемичарите им е многу добро позната и не се наоѓа само во индустриските постројки, туку можно е да се пронајде и како руда. Поради тоа, како што вели го чуди што дошло до експлозија на една мошне позната супстанца.
Амонијум-нитратот има повеќе намени, но две се основни. Се користи како вештачко ѓубриво и како компонента за експлозиви. Вељковиќ вели дека не е лесно тој да се запали и дека се потребни температури за експлозија како во Бејрут од над 400 степени според скалата на Целзијус.
Меѓутоа кај амонијум-нитратот е незгодно што тој во себе веќе содржи кислород и за експлозија е потребна само висока температура.
Тој објаснува дека многу ретко причината за вакви експлозии е „виша сила“ и дека тоа се случува или поради нестручност или поради несоодветни услови. И додава дека е неодговорно да се чува шест години амонијум-нитрат во складиште во самиот центар на градот. Тој додава дека експертите често ги предупредуваат владите на разни опасности, но тие не реагираат поради недостаток на слух, сретстава или од други причини.