Насловна / Вести / Должина на кинеската железничка мрежа изнесува 141.400 километри

Должина на кинеската железничка мрежа изнесува 141.400 километри

Вкупната должина на кинеската железничка мрежа изнесува 141.400 километри, од кои 36.000 километри се пруги за големи брзини, соопшти Кинеската железничка корпорација.

к2_resize

Кина во јули вложила 67,1 милијарда јуани, односно околу 9,67 милијарди американски долари во железничка инфраструктура, што е раст за 3,6 отсто во однос на јули минатата година, наведува Кинеската железничка корпорација.

к1_resize

Инвестициите во големи и средни железнички проекти достигнале 49,9 милијарди јуани во јули, што е раст од 11,3 отсто.

Повеќе од 1.310 километри нови железнички линии, оваа година се пуштени во работа за само седум месеци, вклучувајќи и 733 километри пруга за големи брзини, се наведува во соопштението.

к3_resize

Испрати коментар

Scroll To Top