Насловна / Вести / Словенија стартуваше онлајн платформа за консултации за престанок на користењето на јагленот

Словенија стартуваше онлајн платформа за консултации за престанок на користењето на јагленот

Министерството за инфраструктура на Словенија, стартуваше онлајн платформа која ќе биде главен комуникациски канал за активностите во врска со подготовката на националната стратегија за престанок на користењето на јагленот и реструктуирање на регионите кои се зависни од јаглен.  Во согласност со Националниот енергетски и климатски план (НЕКП), Словенија мора да подготви долгорочна стратегија за реструктуирање и транзиција на регионите на јаглен, во рамките на кои ќе биде и планот за праведна транзиција на рудникот за јаглен  Premogovnik Velenje, кој ќе биде затворен, и електраните Termoelektrarna Šoštanj (TEŠ), каде повеќе нема да се користи јаглен. Листата на документи кои треба да се подготват вклучува национална стратегија за престанок на користењето на јагленот и реструктуирање на регионите на јаглен во согласност со принципите на праведна транзиција, и два регионални плана, поточно за Савињско – шалешки регион и регионот Засавје.

slovenia1

slovenia2

Онлајн платформата за декарбонизација ја следи добрата пракса на онлајн платформата на НЕКП, и ќе биде наменета за целосно и навремено информирање на локалните власти, организација на граѓанското општество, бизнис заедницата и сите останати заинтересирани страни.

Според извештајот објавен од страна на Мрежата за климатска акција на Европа  (CAN Europe), Словенија е меѓу седумте земји членки на ЕУ кои планираат да користат јаглен и по 2030 година. Во јуни годинава, Европската комисија официјално ја стартуваше ЕУ платформата за праведна транзиција, со цел да им помогне на земјите членки на ЕУ да ги подготват своите планови за праведна транзиција и да искористат средства од Механизмот за праведна транзиција.

slovenia3

Испрати коментар

Scroll To Top