Насловна / Вести / Од скопски „Водовод“ апелираат – канализациската мрежа не е депонија

Од скопски „Водовод“ апелираат – канализациската мрежа не е депонија

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје апелира до граѓаните со кампањата „Заштити го канализацискиот систем – биди одговорен, однесувај се совесно“  и ги повикува да го селектираат отпадот правилно.

Одржувањето на системот за одведување на урбани отпадни води и третманот на отпадните води е од исклучително значење за заедницата, за санитарната и здравствена заштита, како и за заштита на животната средина од загадување, напоменуваат од скопски „Водовод“.

вод1_resize

И додаваат: „Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје често се сведоци на затната канализациска мрежа, а како причина за тоа е неправилно одложен отпад од домаќинствата, градежен шут, кабаст отпад и други предмети. Канализацискиот систем не е депонија. При неодговорно и несовесно одлагање на отпадот во системот за одведување урбани отпадни води се нарушува неговата функционалност и најчесто доаѓа до излевање на отпадните води, кои доколку не се пречистени и правилно третирани, штетно влијаат врз здравјето на луѓето и врз животната средина“.

вод_resize

„Правилно одложувај го отпадот – селектирај го за да се рециклира и реупотреби. Доколку си далеку од контејнерите за селектиран стаклен отпад, повикај го тимот на ‘Пакомак’ на 072 26 66 26. Сортирај го кабастиот отпад и за негово отстранување повикај ги општинските служби или екипите на ЈП „Комунална хигиена“ на 0800 222 33“, апелира претпријатието.

vod_resize

За пријавување див водоводен приклучок и злоупотреба на канализацискиот систем функционираат следните линиии и имејл-адреси:

– 02 3073 010, дежурно-информативен центар;

– 02 3240 300, дирекција

[email protected]

www.vodovod-skopje.com.mk

www.facebook.com/jpvodovod.skopje

Испрати коментар

Scroll To Top