Зградата наречена „Brink Tower“ со интересна форма со фасадна тула ќе ја карактеризираат зеленило, соларни панели и системи за собирање дождовница. Оваа кула за мешана употреба висока 90 метри е дизајнирана од фирмата Mecanoo, која минатата година ја освои наградата за најдобрата зграда во светот. Зградата се наоѓа во Амстердам и ќе има 28 ката. Во рамките на тоа, планирани се 400 сместувачки единици и тоа 120 социјални станови, 30 домови за стари лица и 250 станови од средна класа наменети за млади професионалци. Покрај тоа, ќе има малопродажни места на долните катови, како и простории за забава и рекреација.
Станарите ќе имаат пристап до тераси и до покрив со многу зеленило. Тие ќе можат да пристапат на овие простори од различни страни со цел да ја поттикнат најдобрата можна интеракција помеѓу нив и пошироката заедница. „Brink Tower“ ќе биде зелена, одржлива и шарена вертикална заедница со различни типови простор што ќе смести разновидна група на луѓе кои ќе живеат, работат, учат, прават бизнис и ќе се релаксираат таму.
Проектот е предвидено да го добие холандскиот EPC стандард за зелена зграда. Ова ќе се постигне со соларни панели на покривот што ќе ја намалат потрошувачката на енергија. Потоа, на терасите и покривите каде ќе се наоѓа зеленилото, ќе се инсталираат системи за собирање дождовница, кои ќе се чуваат и користат за наводнување. Планирано е да се користат електрични автомобили и велосипеди, така што тие ќе бидат достапни за изнајмување.
Проектот нуди решение за проблемот со недостиг на висококвалитетно сместување за млади професионалци, почетни бизнис, млади парови, студенти од странство и истражувачи во Амстердам. Изградбата се очекува да започне во 2022 година и е предвидено да заврши до најдоцна до 2026 година.