Швајцарското архитектонско биро Plasma Studio добило задача да реализира архитектонска интервенција преку постоечки објект. Станува збор за тиролска куќа изградена во 60-тите години на минатиот век, во типичен стил со украсен двоводен кров и традиционални украси од дрво на оградите. Овој објект е сместен на северот на Италија, во алпската област Трентино-Јужен Тирол, во населбата Сесто. Куќата функционирала како угостителски објект со шест апартмани за сместување туристи. Сопствениците имале потереба да ги прошират капацитетите и да добијат заеднички простории и лоби. Со оваа интервенција, објектот кој е хотел „Страта“ не само што ги добил потребните простори, туку добил и фасада која станала вистински магнет за туристи.
Бирото направило комбинација на градбата и топографијата, концепт на употреба на исти материјали, облагање со дрвени траки и ентериер полн со светлина. Во оваа интервенција од 2014. година, која ја нарекле Paramount Alma, две греди од ариш го следат геометриски сложениот волумен позади и над белата коцка и на тој начин исчезнува границата меѓу кровот и фасадата и се создаваат врски со околната топографија. Објектот добива нова обвивка, но и тераса над постоечкиот објект.
Во 2018. година хотелот повторно ќе се прошири, ископан е стрм пад и новиот волумен се лизга позади. Дрвените греди од ариш уште еднаш се користени, но овој пат ќе се развијат покрај таванот на приземјето, кај влезот. Дрвената фасада се качува од сега пониското ниво на теренот, се извиткува околу постоечкиот оџак, а потоа се враќа назад на ниво на терен. Меѓупросторите помеѓу надворешните ѕидови и дрвените траки се шират на ниво на терен, содавајќи наткриени простори за престој на отворено.
Проектантскиот тим на Plasma Studio користел софтвер за параметарско моделирање, за оптимизација на густината на дрвените траки, но и нивната метална потконструкција. Овој пристап овозможува флексибилност во процесот на проектирање, но и правење цртежи на монтажните елементи на поедноставен начин.