Решавање на ентериер на педијатриска ординација не е лесна работа, бидејќи просторот треба да им се допадне на уплашени деца кои одат на лекарски преглед. Неопходно е да се исполнат сите услови, кога станува збор за здравствена установа, а при тоа просторот мора да биде и функционален. Педијатриската ординација др Гуливер е сместена во станбен простор во зграда во Белград, со површина од се на се 43 квадратни метри, а главната задача која ја добила архитект Соња Брстина, била да смести две ординации, мини кујна, чекална и игротека за децата.
Потребната функција условила рушење на ѕидот помеѓу ходникот и кујната за да се добие централен простор кој е преорганизиран за ординација и приемен дел.
Сите врати, освен онаа за тоалетот се лизгачки, бидејќи повеќе одговараат на функцијата. Централниот дел за да може да има природна светлина, кога вратите се затворени, на дел на ѕидот поставени се кружни отвори во розева боја. Приемниот пулт има двојна улога, позади дрвената облога сместена е чајна кујна, како и потребен простор за одлагање.
Едната соба претворена е во ординација, а другата е организирана како чекална со игротека.
Поставен е ЛВТ под кој ги задоволува строгите услови за здравствени установи. Подот во две нијанси е сечен за да се направат кругови кај нагласените зони, приемниот пулт и масите на лекарите.
Централна тема на дизајнот на ентериерот е шума, односно ентериер со мотиви од животни и дрвја, а се со цел на децата да им се одвлече вниманието од посетатат на лекар. Така мечиња, елени и стебла станале составен дел на оваа ординација.
Беж, сива и розева боја се нијансите кои се повторуваат во просторот, како на подовите, лизгачките врати, така и на графиките животни кои се залепени на ѕидовите и вратите.
Покрај боите, користен е и мотив на круг кој се повторува како на подот, така и на мебелот, но и на отворите на куќичката во игротеката, која е најкарактеристичен момент.
Во чекланта е сместена куќичка на кат, која на децата им привлекува највеќе внимание, По скалите кои воедно се и простор за одлагање играчки, се качува на кат, секое ниво е пријатно осветлено. Отворите се кружни, заоблени, различни висини и форми како би биле интересни на различни возрасти деца.
Клупата за седење во чекалната воедно е и маска за радијатор, но и простор за одлагање играчки.
На ѕидот е поставена полица во форма на дрво со позадинска ЛЕД трака, како би се нагласила темата на чудесна шума.