Од социјална мрежа за делење на кратки шеговити и музички клипови, до непријател бр. 1 на американскиот претседател Доналд Трамп. Како течеше чудниот пат на Тик-ток.
Што е Тик-ток?
– Тик-ток е социјална мрежа за делење кратки видео-снимки, која примарно се користи за правење кратки, комични, забавни и музички снимки. Мрежата во најголема мерка ја користат припадниците на помладата генерација.
Апликацијата им овозможува на корисниците да прават и поставуваат кратки снимки од три до 15 секунди, кои можат да се врзат во луп до 60 секунди.
Чив е?
– Жанг Јиминг ја основал компанијата „Бајтденс“ во Пекинг во 2012. година. Мрежата за кинескиот пазар – Доуџин, Жанг је покренал во 2016. година, а после почетниот успех, наредната година ја лансирал апликацијата Тик-ток за пазар вон Кина.
Популарност
– Тик-ток до 2018. година влегол на пазарот во 150 земји. Има околу 800 милиони активни корисници ширум светот. Заедно со Доуџин, Тик-ток во 2019. година достигна милијарда даунлоуда, а во Еп стор (App Store) бил најпопуларна апликација во 2018. и 2019. година.
Во што е проблемот?
– Најголема загриженост предизвикува нарушување на приватноста на корисникот. Тик-ток наведува дека прибира информации во тек на користење на апликацијата, IP адреси, податоци на локалните провајдери, движење и локација на корисниците и други информации.
За разлика од западните, кинеските компании, не можат да одбијат на својата држава да и предадат податоци кои ги собираат за корисниците, доколку добијат такво барање.
Зошто Трамп се разбесна?
– И покрај тоа што бројни држави се загрижени поради можното нарушување на приватноста на корисниците и користењето на нивните лични податоци, ниту една досега не превземала толку драстични чекори како САД, кои во Тик-ток гледаат опасност по националната безбедност.
Американскиот претседател Доналда Трамп лично го разбеснало тоа што корисниците на Тик-ток биле одговорни за пропаста на неговиот митинг во Тулса во Оклахома. Настанот е планиран како големо враќање и покажување на силата на Трамп, по повеќемесечните лоши резултати во борбата против Ковид – 19.
На митингот дошле само дел од 20.000 луѓе кои се пријавиле, бидејќи корисниците на Тик-ток координирано резервирале карти, планирајќи воопшто да не дојдат.
Што понатаму?
– Трамп пред неколку дена прво најави дека „Бајтденс“ мора да го продаде својот удел во сопственост на апликацијата, во спротивно со извршна наредба ќе се забрани понатамошна работа на таа мрежа во САД. Истиот ден „Мајкрософт“ отпочнал преговори со „Бајтденс“.
Во прв момент, „Бајтденс“ планирал да го задржи малцинскиот удел, но сепак се одлучил да излезе од инвестицијата во Тик-ток, како би ја спречиол неговата забрана.
Политичкиот дел на приказната е дека „Мајкрософт“ би го превзел раководењето со корисничките податоци, што начелно би требало да доведе до поголема сигурност на податоците. Тоа што, сега веќе извесното купување, би му значело на „Мајкрософт“ е тоа што со тој потег не само што ќе ја проголта конкуренцијата, туку и на голема врата ќе влезе на пазарот на мрежи за споделување видео материјали.
Најновите информации говорат дека „Бајтденс“ преговара и со други потенцијални купци, како и тоа дека бараат дозвола, централата на компанијата да ја префрлат во Лондон, што би значело дека повеќе не се кинеска компанија.