Насловна / Вести / Светот троши 100 милијарди материјал годишно

Светот троши 100 милијарди материјал годишно

Количината на материјали која човештвото ја троши на годишно ниво надминува 100 милијарди евра, а уделот на рециклирањето на отпадот е исклучително низок. Ваквиот начин на третирање на ресурсите води во глобална катастрофа. Неодржливото трошење на фосилните горива, метали, градежни материјали и дрво, претставува опасност по климата и живиот свет. Од седумдесеттите години на минатиот век, количината на материјали кои ги троши глобалната економија е зголемена за четири пати, а светската популација во истиот период е двојно зголемена. Според британски Guardian, во последните две години потрошувачката е зголемена за над  8%, додека реупотребата на ресурсите е намалена од 9,1 на 8,6%. Извештајот на тинк-тенкот „Циркуларна економија“, претставен на почетокот на годинава на Светскиот економски форум во Давос, покажува дека во просек секој човек на Земјата троши над 13 тони различни материјали годишно. Истовремено се укажува дека некои земји добро напредуваат кон циркуларната економија во која обновливата енергија станува се позначаен фактор. „Доколу продолжиме да ги трошиме светските ресурси како досега, ни се заканува опасност од глобална катастрофа. Владите мора итно да усвојат решенија за циркуларна економија ако сакаме да достигнеме висок квалитет на животот за речиси десет милијарди луѓе до средината на векот, а притоа да не ги дестабилизираме клучните процеси на планетата. Сеуште го поттикнуваме растот на популацијата и богатството со експлоатацијата на материјалите. Тоа не може да трае вечно – нашата глад за ресурси мора да биде запрена“, велат од споменатиот тинк-тенк.

materials3

Според извештајот, во 2017 година, последната за која се достапни податоци, во светот се потрошени 100,6 милијарди тони материјали. Половина од оваа количина ја сочинуваат песок, глина, чакал и цемент. Јагленот, нафтата и гасот сочинуваат 15%, а металните руди 10%. Останатите 25% го сочинуваат дрвја и растенија кои се користат за храна и гориво.

Најголем дел од сите овие материјали – 40% завршува во градежниот сектор. Една третина од целокупниот материја завршува како отпад на депониите и во рудничките јами. Само 8,6% се рециклира, се наведува во извештајот.

materials1

Во извештајот се истакнува дека зголемувањето на рециклирањето може да ги направи економиите конкурентни, да го зголеми животниот стандард и да помогне во исполнувањето на целите за штетните емисии и дефорестацијата. Се наведува и дека 13 европски земји имаат усвоено мапи на патот кон циркуларната економија, вклучувајќи ги Франција, Германија и Шпанија. Колумбија е првата латиноамериканска земја која стартувала ваква политика. Кинеската забрана за увоз на отпад има за цел да ја охрабри домашната рециклажа, но истовремено го стимулира развојот на стратегија за циркуларна економија во Австралија и други земји кои досега својот отпад го извезувале токму во Кина.  Поранешниот комесар за животна средина и копретседавач на мешународниот панел за суровини на UNEP, Јанез Поточник, рекол дека светот мора да научи да работи со помалку, и да го замени поседувањето со делењето.

materials2

Испрати коментар

Scroll To Top