Насловна / Вести / ЕУ подготвува CO2 данок за увезените производи. Што значи тоа за Балканот?

ЕУ подготвува CO2 данок за увезените производи. Што значи тоа за Балканот?

Европската комисија ја отвори јавната расправа за прописите за оданочување со кои сака да ги подрржи своите климатски цели. Притоа, ја изрази својата намера за измена на својата Директива за оданочување на енергенти  и воведување на прекугранично прилагодување на јаглеродот во согласност со Европскиот зелен план. Оваа втора ставка, која во суштина би била данок на емисијата нa CO2, би можела да се применува на домашната и увезената стока, или како проширување на системот на ЕУ за трговија со емисии. Ова би можело сериозно да се одрази врз државите од Западен Балкан.

cbam2

Инвестицискиот план за опоравување на Европа од пандемијата и нејзиното карастрофално влијание врз економијата, наскоро би можело да добие алатки за финансирање, а Европскиот совет веќе предложил механизам за прекугранично прилагодување на јаглеродот или CBAM. Европската комисија во старт најавува дека ќе воведе давачки за производите кои не се во согласност со нејзината политика кон емисиите. Тоа ќе предизвика проблеми за земјите надвор од ЕУ кои се потпираат на застарена технологија и посебно на фосилни горива, бидеќи данокот на  CO2 ќе ја ослабе нивната конкурентност во блокот од 27 земји членки.

Европската комисија соопштила дека коментарите за Директивата за оданочувањето на енергентите ќе ги прима до 14-ти октомври, а во однос на CBAM до 28- ми октомври.

cbam1

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top