Воздушниот сообраќај во светот нема да се врати на нивото пред кризата до 2024 година. Ова го соопшти Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (IATA). Во мај и јуни регистрирано е побавно опоравување на сообраќајот, а укинувањето на ограничувањата на границите останува неизвесно. Во вториот семестар, опоравувањето исто така ќе биде побавно од првичните прогнози, првенствено поради повторното распламтување на епидемијата во некои земји. Организацијата смета дека падот на сообраќајот во 2020 година ќе биде 63%, наместо претходно прогнозираните 55%.
„Проекциите главно зависат од начините на кои земјите го контролираат вирусот“ велат од IATA, оценувајќи дека пронаоѓањето на вакцината против коронавирусот би можело да ја подобри ситуацијата за авио компаниите.
Се наведува примерот на Велика Британија која ги прекина врските со Шпанија, со што е создадена неизвесност, но и отсуство на поинтензивно отворање на други линии, особено во делот на прекуокеанските патувања.
Оваа организација, која опфаќа 290 авио компании, проценува дека секторот во 2020 година ќе изгуби 419 милијарди долари, што е за 50% помалку глобални приходи во секторот на комерцијалниот воздушен сообраќај.