Насловна / Вести / Енергетската ефикасност може да му донесе на Западен Балкан инвестиции од 2,5 милијарди евра

Енергетската ефикасност може да му донесе на Западен Балкан инвестиции од 2,5 милијарди евра

Земјите од Западен Балкан не го користат својот потенцијал за подобрување на енергетската ефикасност, и покрај фактот дека мерките за заштеда на енергија би можеле да привлечат дополн ителни инвестиции од 2,5 милијарди евра и да ја намалат потрошувачката на енерија во зградите до 40%, се наведува во извештајот „Следење на енергетската транзиција“ (Energy Transition Tracker). Најдрастичниот индикатор за ниските вложувања во енергетската ефикасност е енергетската интензивност на регионот, што се дефинира како количина на потрошена енергија за добивање на БДП од 1000 долари. Таа вредност во регионот е неколку пати повисока од просекот во ЕУ, што укажува на неколкукратно повисока потрошувачка на енергија за иста работа.

Секретаријатот на Енергетската заедница го покрена објавувањето на овој извештај, со цел да го олесни следењето на енергетската транзиција во шесте договорни страни од Западен Балкан. Во извештајот посебно место е посветено и на енергетската ефикасност. Во извештајот се наведува дека Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија имаат обврска да ја применат ЕУ Директивата за енергетска ефикасност, според која е дефиниран таргет од 20% за подобрување на енергетската ефикасност во Енергетската заедница до 2020 година. Исто така, одреден е и лимит за потрошувачка на примарна и финална енергија кој се однесува на сите договорни страни на Енергетската заедница.  Од друга страна, овие земји мораа да усвојат национални цели за енергетска ефикасност и национални планови, со мерки кои се однесуваат на згради, пренос и дистрибуција на електрична енергија, како и на системите на далечинско греење и ладење.

EE2

Според податоците за 2018 година, сите договорни страни освен БиХ се значајно под лимитот во однос на потрошувачката на енергија, но вредностите за енергетската интензивност се и натаму високи во споредба со просекот во ЕУ.

Реновирањето на зградите со цел да се исполнат минималните барања од ЕУ Директивата за енергетски перформанси на згради, би влијаело врз зголемувањето на животниот стандарди би го подобрило здравјето на луѓето во регионот, но ќе донесе и заштеди на енергија до 40% во овој сектор, се вели во Извештајот. Ваквото тврдење има уште поголемо значење ако се знае дека зградите се најголем потрошувач на енергија на Западен Балкан, со учество од 43% во вкупната потрошувачка. Секретаријатот на Енергетската заедница во Извештајот наведува дека ЕУ, меѓународните финансиски институции и донаторите, дале свој придонес за поддршка на регионот во оваа област. Еден од примерите е Програмата за финансирање на зелената економија (GEFF). Но, и покрај тоа, резултатите се лоши. Во периодот помеѓу 2010 и 2020 година, регионот вложил 1,06 милијарди евра во мерки за заштеда на енергија во зградите, што е само 30% од неопходните инвестиции кои се проценети на 3,54 милијарди евра. Во Извештајот се наведува дека подобрување на енерегтската ефикасност е можна и во далечинските системи за греење и ладење.

EE3

Испрати коментар

Scroll To Top