Насловна / Вести / Изградбата на три метро линии во Белград ќе чини 6 милијарди евра

Изградбата на три метро линии во Белград ќе чини 6 милијарди евра

Почетокот на изградбата на белградското метро е планиран за крајот на 2021 година. Дотогаш треба да биде завршена проектно техничката документација. „Владите на Србија и Франција во Белград на 12-ти мај потпишале договор за донација во врска со реализацијата и финансирањето на проектот на белградското метро, од кој дел се однесува на изработката на техничката документација од страна на француската компанија Egis“ велат од Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Република Србија. За изградба на вкупно три линии на метрото сега се наведува вредност од 6 милијарди евра, откако претходно се оперираше со 4,4 односно 5,5 милијарди евра.

metro1

Првата линија на метрото ќе ги поврзува Железник и Миријево, втората ќе биде од Мирјево до железничката станица Земун, додека на траста на третата линија треба да бидат Прокоп и новата автобуска станица (БАС) во Блок 42.  За реализација на проектот веќе е формирана работна група во која учествуваат претставници од неколку надлежни министерства.

metro2

 

Испрати коментар

Scroll To Top