Насловна / Вести / Може ли водородот да помогне во опоравувањето на економијата на Западен Балкан?

Може ли водородот да помогне во опоравувањето на економијата на Западен Балкан?

Борбата против климатската криза на почетокот на 2020 година се искачи на првото место ан дневниот ред на креаторите на политики и големите инвеститори. Европската Унија го покрена својот „Зелен договор“, а некои земји како Германија најавија и свои сопствени стимулациски пакети за „зелена“ економија во вредност од неколку десетици милијарди евра. Европа ги полага своите „зелени“ надежи  во водородот, во планот со кој предвидува инвестирање на стотина милијарди евра во чиста технологија и поттикнување на економското опоравување кое се грижи за заштита на климата. Целта на Европската унија е шесткратно да се зголеми капацитетот за производство на одржлив водород до 2024 година, намалувајќи ја и неговата цена и генерално цените на горивата. Европската комисија проценува дека и пазарот на водород може да создаде илјадници работни места, и дека ќе можат да се елиминираат сите емисии освен оние од индустријата и сообраќајот.

Стратегијата за водород на ЕУ е претставена заедно ос Стратегијата на ЕУ за интеграција на енергетскиот систем, а со оглед на моменталната глобална криза, комесарите на Европската унија тврдат дека планираните инвестиции можат да го поттикнат опоравувањето од економската криза предизвикана со пандемијата. Притоа се истакнува дека времето е клучно за Европа, ако не сака да ја загуби трката од земјите како Кина, Јапонија, Јужна Кореја или САД, кои веќе трошат повеќе јавни средства на чиста технологија. Една од целите е и трансформација на Европската инвестициска банка во европска „климатска“ банка.

h2

Во стратегијата на ЕУ се наведува дека договорите за стабилизација и придружување на Западен Балкан, пружаат политичка рамка за приклучување на тие земји  со ЕУ во заедничките истражувања и развојни програми за водородот.

Стратегијата на Европската комисија има фазен пристап, па за периодот од 2020 до 2024 година планира развој на најмалку 6 GW во капацитети за производство на одржлив водород, а од 2025 година до 2030 година, најмалку 40 GW.  Комисијата проценила дека за постигнување на целите за клима и енергија до 2030 година, ќе бидат потребни дополнителни 260 милијарди евра вложувања и од јавниот и од приватниот сектор.  Целта за периодот од 2030 до 2050 година, е технологиите за производство на одржлив водород да бидат масовно користени во секторите во кои е тешко да се постигне намалување на штетните емисии, како што се хемиската индустрија и индустријата на челик.  Во Брисел се надеваат дека трошокот за производство на водород ќе стане конкурентен во периодот од 2025 до 2030 година, генерирајќи до десет милиони тони гас.

h22

h24

Испрати коментар

Scroll To Top