Насловна / Вести / Volkswagen вложува над 4 милијарди евра во Кина

Volkswagen вложува над 4 милијарди евра во Кина

Кинеската економија оствари раст од 3,2% во вториот квартал од оваа година, со што стана прва економија во светот која бележи раст по избивањето на пандемијата. Во вакво опкружување, германски Volkswagen (VW) најавува вложување на над 4 милијарди евра во кинескиот пазар. Станува збор за инвестиција која ќе се реализира до крајот на 2020 година. Мотивите за оваа одлука лежат и во фактот што и во текот на пандемијата VW покажал добри резултати во работењето во Кина, благодарение и на мерките на кинеската влада за олеснување на работењето на компаниите.

Од друга страна, студијата на инвестициската компанија  Janus Henderson, во рамките на која е истражувано работењето на речиси 900 компании, најзадолжен е токму германскиот производител на автомобили VW. Долгот на компанијата е 192 милијарди долари, што е повеќе од многу држави како на пример Јужноафриканска Република (180 милијарди долари) и Унгарија (101,9 милијарди долари)

VW1

VW2

VW3

Испрати коментар

Scroll To Top