Властите на шведскиот остров Готланд користат коњаници, маскирани како средновековни витези, за да ги контролираат туристите во однос на одржување на оддалеченоста поради пандемијата на коронавирус.
Облечени во оклоп од 12 век, носат транспарент на кој пишува „Заедно сме одговорни“, витезите ова лето ќе проверат дали туристите кои го посетуваат островот Готланд се придржуваат кон мерките за оддалечување.
Тоа се вработени од компанијата Торнемантум, која организира витешки турнири секое лето, но годинава беше откажано поради пандемијата на коронавирус.
Витезите веќе ја имаа својата прва прошетка, кога ги пречекаа туристите кои пристигнаа на островот со брод во пристаништето.
Во наредните недели може да се очекуваат на плажа, во центарот на градот и насекаде каде постои ризик од пренатрупаност.
Најголемиот шведски остров Готланд се наоѓа во средината на Балтичкото Море и има 58.700 жители. Во текот на 2018 година, островот го посетиле 950 илјади туристи.
Најголемиот град Висби е веќе во средновековен стил, опкружен со ѕид изграден помеѓу 13 и 14 век.